Tuesday, July 1, 2014

#Мозаик од сеќавања и бура од емоции

Со погледи тогаш се разбиравме,не ни требаа зборoви.Ти се воодушевуваше на мојот од и понашање а јас паднав на твојот шмек.Се почна брзо,уште се сеќавам на таа вечер кога ми намигна,да од тогаш срцево не сака да те избрише.Брзо темпо и не славен завршеток.Од земја до небо знаеше да ме дигнеш за миг.И да сега ми фалат тие моменти кога се чуствував преубаво.Имаше и моменти кога и двајцата се нервиравме и бевме како запели фитиљи па тогаш паднаа и тешки зборови.Но незнам што беше тоа магично што послем два дена се беше исто како ништо да не се случило.Направивме многу грешки но и многу пати пробавме да направиме нешто.И тогаш јас ја направив најголемата грешка за која многу се каам.Послем тоа ништо не беше исто и со оправдание.Но ке се памтат погледите со кои се убивавме и да тие денови...Нешто што не се заборава,нешто што боли...Морам да продожам понатака,но срцево не сака да те заборави.Може ќе бидам со друг али знам секогаш ќе бидеш негде во длабочината во срцево,ќе имаш посебно место во него.Го чекам моментот кога повторно ќе те видам,а до тогаш среќно!И сега сфаќам,ти си единствениот на кој му симнувам капа и го викам совршен!!!


No comments:

Post a Comment