Thursday, June 19, 2014

#Инспирација

Инспирацијата не се бара,не се наоѓа.Инспирацијата се добива...Тоа е оној момент во брзиот живот во кој светот го гледаш од сосема друга страна.Застануваш и сфаќаш нешто што во ниту еден друг момент не си ни помислил на тоа.Затоа што само тогаш очите гледаат на посебен начин и срцевиот отчук е сосема различен.Да тоа е тој момент кога влегуваш во светот на инспирацијата каде што царуваат убавите зборови,совршено склопени да се паметат со векови.Во тој свет сонцето не свети исто-има посебен одблесок,очите веќе не изгледаат исто-имаат посебен сјај и конечно срцето не чука исто бидејќи со него управува љубовта проследена со страст!


No comments:

Post a Comment