Friday, June 20, 2014

#Дечко од соништата

Кожна јакна,стомачни и мотор-опис за дечкотото од соништата.Но животот не е сон а уште помалку филм за да се случуваат работи кои ти сакаш да се случат.Затоа се затрескуваш во оној во кој најмалце очекуваш и кој нема ништо од предиспозициите за да биде дечкото од соништата.Но има нешто посебно,нешто што прави да се чуствуваш ти-девојката која од секогаш си сакала да бидеш.Во земјава има 2 милиони луѓе од кои 1 милион мажи и од нив околу 100 илијади со кои можеш да бидеш ако ги исклучиме децата и старите.И ти баш во него се затреска?!Е тоа го прави посебен,имал нешто што во тој момент пресудило да биде за тебе совршен.Но ништо не трае вечно па затоа и доаѓа и друг и трет и уште многу.Многу кои го имале тоа посебното во себе.Али на крајот од животниот век ќе постои само еден за кој ќе кажеш дека бил совршен.Затоа што тој некој имал Х фактор кој пресудил да биде твојот дечко од соништата.И тогаш сфаќаш не мора да има ни стомачни,ни кожна јакна,ни мотор само нека направи да се чуствуваш 3 метра над небото!!!

No comments:

Post a Comment