Wednesday, July 2, 2014

#Ние двајца

Знаеш?Мислев дека сум силна и одлучна девојка.Но ти го докажа токму спротивното!Послем тебе знам дека постои некој кој може да ме смири и изнервира за 2 секунди.Да тоа можеш само ти.Секогаш ќе останеш популарниот,за некој најубав во цело школо,а јас девојката што не покажува емоции со гордо исправена глава.На почетокот мислев дека можам да ја играм оваа игра па и да те зафркнам.Но набрзо сфатив јас и ти сме искусни играчи од иста сорта.Јас бик,ти кралот на хороскопот тешко некој да попушти колку и да сакаме.Различни сме како северен и јужен пол но се привлекуваме како плус и минус.Можеби те сфатив како предизвик,а можеби сакав да видам колку можам да успееам да допрам до недопирливото.Да тоа си ти за мене-недопирлив дечко кој може да контролира се околу себе.Али искрено и јас добро ја завршив работата.Да да сфатив,треба да ја сменам улогата и да чекорам гордо.Од една нормална,емоционално-скрешена,добра девојка се претворив во девојка на чие лице нема емоции,ладно срце,исправена глава и болка во очите.Тоа колку и да сакам неможам да го скиријам.Очите ќе ми бидат потсетник за некогаш добрата девојка,а скрешеното срце доказ дека некогаш било цело а сега скрешено на пола со тронка надеж да те имам!Се гордеам на себе а и неможам да се жалам учев од најдобриот.И ако некој некогаш ме праша зошто си ваква само ќе одговорам-животот ме научи на ова,а длабоко во себе ќе помислам само на тебе,ти си тој што ме смени.Ја научив лекцијата гледаш?Успеав,допрев до тебе на овој и на оној начин.Како што ти мене со секој поглед ме излудуваш и како што јас добивам тахикардија во твоја близина,така и јас сум твојата слаба страна.Дека сум ти убава и сакаш да ме имаш тоа веќе го знаат и птичкине на гранкиве.Но поентата на што прво помислуваш кога ќе го слушнеш моето име?Колку и да пробуваме некој некого да зафркне нема да може.Денес е најлошо а утре тоа го нема и е најдобро.Да тоа сме ние странци кои превише се познаваат али јебига.Мислам дека ќе станат слабаци ако ја покорат својата гордост и инает.Епа збогум мил мој,знам ќе се сретнеме јас и ти пак во друго време на друго место.Можеби и тогаш нема да покажеме емоции али само во нашите очи ќе се види што сакавме да биде,а не бидна.Само ѕвездите на небото се сведок дека сите мои ноќи неможат да пројдат без да мислам на тебе.уствари чекај малку,oва беше твоја песна!Се гледаме наскоро,а до тогаш среќно!!!

#На крајот


Tuesday, July 1, 2014

#Ми фалиш


#Мозаик од сеќавања и бура од емоции

Со погледи тогаш се разбиравме,не ни требаа зборoви.Ти се воодушевуваше на мојот од и понашање а јас паднав на твојот шмек.Се почна брзо,уште се сеќавам на таа вечер кога ми намигна,да од тогаш срцево не сака да те избрише.Брзо темпо и не славен завршеток.Од земја до небо знаеше да ме дигнеш за миг.И да сега ми фалат тие моменти кога се чуствував преубаво.Имаше и моменти кога и двајцата се нервиравме и бевме како запели фитиљи па тогаш паднаа и тешки зборови.Но незнам што беше тоа магично што послем два дена се беше исто како ништо да не се случило.Направивме многу грешки но и многу пати пробавме да направиме нешто.И тогаш јас ја направив најголемата грешка за која многу се каам.Послем тоа ништо не беше исто и со оправдание.Но ке се памтат погледите со кои се убивавме и да тие денови...Нешто што не се заборава,нешто што боли...Морам да продожам понатака,но срцево не сака да те заборави.Може ќе бидам со друг али знам секогаш ќе бидеш негде во длабочината во срцево,ќе имаш посебно место во него.Го чекам моментот кога повторно ќе те видам,а до тогаш среќно!И сега сфаќам,ти си единствениот на кој му симнувам капа и го викам совршен!!!


#Белег на срцето


#Живот


Monday, June 30, 2014

#Фаците од 21 век

Што е со луѓево бе,што е со ''децава ''?Отишла на базен-едно кило пудра,искача во град паметниот одма се филма со цигарата во уста и флашата во рака.Едвај 13 години облекла минич и ајде во диско,дечко што е нова фора-кокаин?Ебате секој ден исто па исто.Кој како се облекол,кој со кој бил,кој колку лајкови имал.Епа нема бе нема да искочам од дома со кило шминка до трафика за случајно да не ме види некој,нема да се правам јака со цигара во рака а пола од нив незнаат ни да ја држат.Не идам со минич до гз и не вадам цицки на слика за лајк плус.И да не сум фаца,не сум позната,нема лајкови на фб.Али иам живот бре и го живеам како што сакам да го живеам,Имам вистински пријатели кои знаат да ме насмеат и што кога сум со нив не ми текнува за ''check in''.И да не се лапам со секој втор и не давам 300 денари за 3 грама марихуана за пола саат да глумам лудило.Гајле ми е ако излезам по тренерки или ако испотена се враќам од тренинг,уживам во море а не глумам пластична кукла!Кој колку пари имал,кој на кого му бил татко,искористување на кило,Океј фаци полабаво.Ни ти сум убава,ни ти иам тело и да неам followers на инстаграм.Не туку вежбам,се потам,седнувам на каде со луѓе кои ги сакам,носам тренерки и да не ми е размачкана маскарата од изглумени солзи по некој дебил.Јебига не сум за 21 век!!!

Sunday, June 29, 2014

#Една од емотивните ноќи

Ноќ...Тишина...Внимателно го слушам звукот од морето,како бранчињата удираат на брегот.Ѕвездите веќе одамна излезени го красат небото со својот сјај.Пуста плажа,празни лежалки и јас.Единствена светлина се одава од кафичот во близина,чија музика едвај допира до мене.Посебна атмосфераа...се чуствувам чудно,необичаено.И тогаш помислувам на само една личност и сите моменти поминати со неа.Се прашувам.Дали и ти помислуваш на мене?Дали барем едно нешто те потсеќа на мене и дали барем во моментите кога си сам,како низ магла пред очи ти проаѓа нешто што се сличи,или сепак не?Ме заборави?Продолжи понатака?Најде друга?Знаеш можам во  било кое време да флерувам со било кој,можам да се бакнувам со првиот со кој ќе имам прилика.Но на крајот од денот мислам само на еден,заспивам со една неоставарена желба и во моите соништа си повторно ти,само ти.Сакам да те заборавам но неможам.Сакам да најдам некој друг сличен на тебе но нема.Сакам очиве повторно да го имаат тој сјај.Сакам лицево повторно да биде насмеано како некогаш.И тогаш сфаќам како што и најмалото бранче може да ја избрише длабнатата трага во песокот така и болката во растрепереното срце исчезнува со првата појава на страст во него!!!

Monday, June 23, 2014

#Како се чувствуваш кога ќе се присетиш на тоа што се случи?!?

Колку и да си зафатен, колку и да живееш брз живот барем еднаш во денот, неделата, месецот ќе помислиш на тоа што се случило. На тоа што поминало. На спомените! Било да се добри или лоши остануваат длабоко во тебе и колку и да си силна личност со цврст карактер сепак присетувањето на нив не е ни малку ладнокрвно. Добрите донесуваат насмевка на твоето лице и се би дал за повторно да ги доживееш. Но, тие лошите се друга приказна, повторно и повторно ти предизвикуваат болка, како тој иако тап нож од поминатото време сепак те раздразнува длабоко во тебе. Најдобрата работа во врска со спомените е правењето на истите, или сепак не? Но, сигурно е дека нешто ќе научиш од нив, ќе бидеш побогат за лекција плус и отпорен на уште еден животен удар. Бидејќи како што во инекциите има клетки од самата болест со цел да стане отпорен организмот, така и животот задава еден ист удар само еднаш и за следниот пат тоа ќе биде залудно. И да сеќавањата не учат многу што да смениме во иднината и која грешка да ја поправиме. Но, срцевиот отчук за време на присеќавањето и враќањето на спомените е тоа е посебна приказна која само очите умеат да ја раскажат бидејќи такво нешто со зборови и најголемиот поет неможе да го пренесе. И тогаш сфаќам, барам уште една шанса се да поправам, една можност за срцево да блесне како тогаш, затоа што враќањето на спомените, е тоа истовремено и боли и предизвикува срамежлива насмевка. И да! Тоа се памети!!!


Friday, June 20, 2014

#Дечко од соништата

Кожна јакна,стомачни и мотор-опис за дечкотото од соништата.Но животот не е сон а уште помалку филм за да се случуваат работи кои ти сакаш да се случат.Затоа се затрескуваш во оној во кој најмалце очекуваш и кој нема ништо од предиспозициите за да биде дечкото од соништата.Но има нешто посебно,нешто што прави да се чуствуваш ти-девојката која од секогаш си сакала да бидеш.Во земјава има 2 милиони луѓе од кои 1 милион мажи и од нив околу 100 илијади со кои можеш да бидеш ако ги исклучиме децата и старите.И ти баш во него се затреска?!Е тоа го прави посебен,имал нешто што во тој момент пресудило да биде за тебе совршен.Но ништо не трае вечно па затоа и доаѓа и друг и трет и уште многу.Многу кои го имале тоа посебното во себе.Али на крајот од животниот век ќе постои само еден за кој ќе кажеш дека бил совршен.Затоа што тој некој имал Х фактор кој пресудил да биде твојот дечко од соништата.И тогаш сфаќаш не мора да има ни стомачни,ни кожна јакна,ни мотор само нека направи да се чуствуваш 3 метра над небото!!!

Thursday, June 19, 2014

#Таа насмевка

Го знаеш оној момент кога се затвараш во соба намерно или случајно.Легнуваш на креветот и погледнуваш во светлината која доаѓа од прозорецот.Пробуваш да заспиеш но неможеш,упорно ги затвараш очите но тие не сакаат да спијат.За да се чуствуваш вака не треба специјално под конец дотерана ситуација, не туку сако една посебна насмевка.Насмевка од која срцето ти лупа,лудува.Насмевка од која во очите ти се случуваат имагинарни работи,едноставно не се празни како предходно.Насмевка од која полудуваш...Но само посебен човек може да создаде таква посебна насмевка.Насмевка која полудува,поглед кој убива,тело за восхит и понашање за респект уште ако таа посебна личност има се ова е тогаш ти нема спас.Нема жив човек кој може да ја тргне насмевката од твојата уста.Нема толкав проблем кој може да ја угаси жарта во твоите очи....Едноставно нема!Тогаш и само тогаш црнилото во собата изгледа толку сјајно а слабата светлина надеж дека некојгаш на некое место таа насмевка,од таа посебна личност ќе биде само твоја.Затоа што како што послем облаците секогаш има сјајно сонце така и надежта во растрепереното срце никогаш не згаснува!!!

#Тој сјај и жар во очитe

Црнило...Без страст во срцето,без сјај во очите,без среќа во душата-тоа сум јас послем тебе.Сега знам ми значеше многу но дали ти го покажав тоа незнам...Потребно ми е да те видам,да го почуствувам твојот парфем и да се смирам со твоето присуство .Уште не сум те преболела знаеш?Со секоја нова слика се создава нов белег на срцево,со секое ново сеќавање-немир во душава,но знаеш што ме боли најмнногу?Тоа што можевме да бидеме се,а не бевме.Се тоа само ради твојот инает и мојата гордост-неспојлива комбинација...тоа е.Али и двајцата знаеме,погледот,сјајот во очите е тоа не се заборава.Си ветив себеси дека ќе те преболам и дека веќе на никој нема да му дозволам да го направи истото што го направи ти.Повторно ќе бидам среќна али моите очи никогаш нема да го имаат тој жар.Повторно ќе се заљубам но никогаш нема да ми се тресат нозете и скока срцето како во твоја близина.Си ветив!Никогаш нема да те заборавам.Некогаш се се збаорава лесно но некогаш боли одвнатре.И фала ради тебе сум ваква денес,ти ме научи на  се,фала намногу...Па искрено учев од најдобриот!Ти посакувам се најубаво,но знам еден ден јас и ти пак ќе се сретнеме е тогаш ќе биде многу интересно.Јас дрската девојка чие понашање ти го создаде и ти совршениот во секој поглед.Криви бевме и двајцата но време е за нова среќа,за нова љубов.Срцево пак пишува нови стихови,главава смислува нови шеми!!!


#Разделбa

Ништо не трае вечно,да да ништо!Времето се менува,случките се менуваат,размислувањата се менуваат,самиот ти се менуваш.И тогаш сфаќаш дека се што е убаво кратко треа и дека се би дал само уште еднаш да ги поминеш тие денови...Но за жал неможе.Единствена опција ти е да ги преболиш сеќавањата-да ја преболиш личноста што ѓи создала.Да преболиш не значи да заборавиш туку да се сеќаваш без болка..А толку многу работи те потсеќаат,толку многу пати во денот помислуваш на таа личност.Но,тоа е нема назад!!!Доаѓа тој ден за разделба,тој ден за збогум.Тој тежок збор на кој самата помислам е страшна,а камоли да се изговори.Но никој па не ни рекол дека животот е лесен.Мораш многу работи да заборавиш,многу личности да преболиш и многу лекции да научиш!Е токму тогаш животот пак те носи кај таа личност а од тебе зависи дали ќе ги поправиш работите,односно дали си ја сфатил грешката!?


#Инспирација

Инспирацијата не се бара,не се наоѓа.Инспирацијата се добива...Тоа е оној момент во брзиот живот во кој светот го гледаш од сосема друга страна.Застануваш и сфаќаш нешто што во ниту еден друг момент не си ни помислил на тоа.Затоа што само тогаш очите гледаат на посебен начин и срцевиот отчук е сосема различен.Да тоа е тој момент кога влегуваш во светот на инспирацијата каде што царуваат убавите зборови,совршено склопени да се паметат со векови.Во тој свет сонцето не свети исто-има посебен одблесок,очите веќе не изгледаат исто-имаат посебен сјај и конечно срцето не чука исто бидејќи со него управува љубовта проследена со страст!