#Една од емотивните ноќи
Ноќ...Тишина...Внимателно го слушам звукот од морето,како бранчињата удираат на брегот.Ѕвездите веќе одамна излезени го красат небото со својот сјај.Пуста плажа,празни лежалки и јас.Единствена светлина се одава од кафичот во близина,чија музика едвај допира до мене.Посебна атмосфераа...се чуствувам чудно,необичаено.И тогаш помислувам на само една личност и сите моменти поминати со неа.Се прашувам.Дали и ти помислуваш на мене?Дали барем едно нешто те потсеќа на мене и дали барем во моментите кога си сам,како низ магла пред очи ти проаѓа нешто што се сличи,или сепак не?Ме заборави?Продолжи понатака?Најде друга?Знаеш можам во било кое време да флерувам со било кој,можам да се бакнувам со првиот со кој ќе имам прилика.Но на крајот од денот мислам само на еден,заспивам со една неоставарена желба и во моите соништа си повторно ти,само ти.Сакам да те заборавам но неможам.Сакам да најдам некој друг сличен на тебе но нема.Сакам очиве повторно да го имаат тој сјај.Сакам лицево повторно да биде насмеано како некогаш.И тогаш сфаќам како што и најмалото бранче може да ја избрише длабнатата трага во песокот така и болката во растрепереното срце исчезнува со првата појава на страст во него!!!

No comments:
Post a Comment