Monday, June 23, 2014

#Како се чувствуваш кога ќе се присетиш на тоа што се случи?!?

Колку и да си зафатен, колку и да живееш брз живот барем еднаш во денот, неделата, месецот ќе помислиш на тоа што се случило. На тоа што поминало. На спомените! Било да се добри или лоши остануваат длабоко во тебе и колку и да си силна личност со цврст карактер сепак присетувањето на нив не е ни малку ладнокрвно. Добрите донесуваат насмевка на твоето лице и се би дал за повторно да ги доживееш. Но, тие лошите се друга приказна, повторно и повторно ти предизвикуваат болка, како тој иако тап нож од поминатото време сепак те раздразнува длабоко во тебе. Најдобрата работа во врска со спомените е правењето на истите, или сепак не? Но, сигурно е дека нешто ќе научиш од нив, ќе бидеш побогат за лекција плус и отпорен на уште еден животен удар. Бидејќи како што во инекциите има клетки од самата болест со цел да стане отпорен организмот, така и животот задава еден ист удар само еднаш и за следниот пат тоа ќе биде залудно. И да сеќавањата не учат многу што да смениме во иднината и која грешка да ја поправиме. Но, срцевиот отчук за време на присеќавањето и враќањето на спомените е тоа е посебна приказна која само очите умеат да ја раскажат бидејќи такво нешто со зборови и најголемиот поет неможе да го пренесе. И тогаш сфаќам, барам уште една шанса се да поправам, една можност за срцево да блесне како тогаш, затоа што враќањето на спомените, е тоа истовремено и боли и предизвикува срамежлива насмевка. И да! Тоа се памети!!!


No comments:

Post a Comment